Индустриското производство во септември со раст од 4,5 отсто на месечно ниво
Индустриското производство во септември годинава во однос на септември минатата година е зголемено за 4,5 отсто, а за 0,7 проценти во периодот јануари - септември годинава во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст од 23,4 проценти, а пораст има и во Преработувачка индустрија од 3,8 проценти. Опаѓање од 10,1 процент е регистриран во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
ДЗС посочува дека зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на пијалаци, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21,5 проценти и Капитални производи за 0,7 проценти, а опаѓање кај Енергија за 10,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 проценти.
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет