Бизнис
28. December 2015 - 14:45

Индустриското производство во ноември поголемо за 11,5 отсто

Индустриското производство во ноември бележи раст од 11,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем пораст од 17,5 проценти има во секторот Прехранбена индустрија, а опаѓање се бележи во секторот „Рударство и вадење на камен“ за еден процент и во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 21,3 проценти.

Гледано по главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијалните производи, освен енергија за 1,4 отсто, кај Капиталните производи за 34,2 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 11,5 проценти и кај Нетрајните производи за широка потрошувачка за 22,5 проценти, додека опаѓање има кај Енергијата за 16,9 отсто.

Во периодот јануари - ноември индустриското производство бележи зголемување од 4,4 проценти во однос на истиот период минатата година.