Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
Индустриското производство во периодот јануари – август 2024 година е намалено за 3,6 отсто во споредба со јануари – август 2023 година.
Според Државниот завод за статистика, индустриското производство бележи намалување и во август 2024 година во однос на август 2023 година, за 1,6 проценти.
-Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи опаѓање од 18.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.6 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки, Производство на мебел и Поправка и инсталирање на машини и опрема, наведува Заводот.
Според главните индустриски групи, производството во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст кај Капитални производи за 28.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 34.0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 14.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 %
Ново на Сител
-
ЕУ ја одобри втората транша средства во рамките на Инструментот за реформи и раст
-
Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт
-
Галески: Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој седиме
-
Орбан веќе разговарал со Трамп, за денеска се очекува и разговор со Путин за нивната средба во Будимпешта
-
МВР во недела ќе користи дронови за безбедно одржување на изборите
-
ФИФА: Продадени повеќе од еден милион влезници за СП2026
-
Герасимовски: Во Центар имаме фотодокументирани 10.000 дрвја во ГИС порталот, грижата за зеленилото на највисоко ниво
-
Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово меѓу 21 општина каде изборите би можеле да завршат уште во недела