Индустриското производство лани со раст од 0,2 отсто
Индустриското производство во минатата година забележа раст од 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во декември лани забележало пад од 2,6 проценти во однос на декември 2016 година.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во декември бележи пораст од 1,8 проценти, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11,2 отсто.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, пијалаци, тутунски производи, облека и производство на други неметални минерални производи и производство на метали.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи пораст кај капиталните производи за 22,4 проценти и трајните производи за широка потрошувачка за 46,6 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 10,1 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 2,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,8 отсто.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
