Индустријата за канабис во САД, и покрај пандемијата, во пораст
Индустријата за канабис во САД, и покрај глобалната пандемија, е во пораст, така што минатата година продажбата достигна 20 милијарди долари, оваа година е 26 милијарди, а се предвидува дека ќе се зголеми на 45,9 милијарди во 2025 година, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на податоците од „Марихуана Бизнис Дејли“ (МБД).
– Продажбата од речиси 46 милијарди долари ќе ја направи индустријата за канабис поголема од индустријата за занаетчиско пиво, рече извршниот директор и претседател на МБД, Крис Волш.
Големите продажби во САД не треба да бидат изненадување, бидејќи повеќето Американци моментално живеат во држави каде што некој облик на канабис е легален.
Според Националната конференција на државните законодавства, повеќе од две третини од американските држави го легализирале медицинскиот канабис, а 18 го легализирале канабисот за таканаречена рекреативна употреба.
Во последните 12 до 18 месеци, податоците покажуваат дека продажбата продолжила да се забрзува со рекордно темпо на американскиот пазар, особено во етаблираните земји како Колорадо, Вашингтон и Орегон.
Се проценува дека минатата година имало 320.000 работни места со полно работно време во индустријата за канабис, во споредба со 234.700 претходната година.
Меѓутоа, американската Администрација за храна и лекови допрва треба да издаде официјални упатства за тоа како канабиноидите добиени од коноп, како што е ЦБД, може да се вклучат во комерцијалните производи.
Калифорнија, најголемиот пазар за канабис во земјата, продолжува да бележи трансфери на продажба во големи, нерегулирани индустрии.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Во спомен на младите загинати во пожарот во „Пулс“ започнува програмата „Лето во друштво“ во Кочани
-
Кривична против 34-годишен маж од Тетово, истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани
-
14-годишно дете физички нападнато од група малолетници на трим патеката во Кисела Вода
-
Татко пријавил дека кавадарчанец вознемирувал и се заканувал на неговата малолетна ќерка
-
Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица 20 минути, а на ГП Дојран 15 минути
-
Грета Тунберг и други активисти повторно ќе отпловат за Газа