Loading Video...
Свет
29. September 2018 - 18:02

Индонезија ги брои жртвите по земјотресот и цунамито

Во земјотресот и цунамито што го  погодија индонезискиот остров Сулавеси загинаа најмалку 400 лица а повредени се над 350. Брановите високи и до три  метри го разурнаа туристичкиот центар Палу.  Тешко погоден е и градот Донгала.  Индонезискиот претседател  Јоко Видодо изјави дека во погодените места   е испратена војската за да им помогне на спасувачите. Потресот со јачина од 7,5 степшени по Рихтер и цунамито зад себе оставија  илјадници уништени  објекти, меѓу кои и болници, хотели  и  трговски центри.