Индиски фармацевт почина по тестирање на лек против Ковид-19 на себе
Индиски фармацевт починал, а неговиот шеф завршил во болница откако испил препарат што сами го произвеле, за што се надевале дека ќе ја излечи болеста „Ковид-19“, соопшти денеска полицијата.
Препаратот беше соединение на азотен оксид и натриум нитрат. Двајцата работеа во фитотерапија и сами тестираа „лек“ кој беше соединение на азотен оксид и натриум нитрат, во куќа во Ченаи, во југоисточна Индија. К. Сиванесан (47) починал на местото на настанот, изјави началникот на полицијата Ашок Кумар. При подготовката на препаратот, го истражувал преку Интернет и ги купил состојките на пазар во тој град, додаде полицискиот службеник.
Во Индија се пријавени скоро 60,000 случаи на инфекција со коронавирус. Засега нема лек или вакцина за Ковид-19, што предизвика меѓународна трка да се најде лек за болеста во која починаа најмалку 300.000 луѓе. Пријавени се скоро 60.000 заразени лица во Индија, каде е воведен строг карантин за спречување на ширењето на коронавирусот
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста