Кошарка
14. December 2017 - 17:09

Индијанаполис домаќин на „Ол-стар“ викендот во 2021 година

 Индијанаполис ќе биде градот домаќин на 70-тото издание на НБА „Ол-стар“ натпреварот во 2021 година,.
 
Егзибицискиот меч кој треба да се игра во „Банкерс Лајф Филдхаус“ арената, ќе биде првиот „Ол-стар“ викенд во Индијанаполис по пауза од 36 години, односно 1985 година кога НБА ѕвездите се собраа во „Хосис Дом“ арената во овој град. 
 
Следното издание на НБА „Ол-стар“ викендот ќе се одржи во февруари следната година во Лос Анџелес. Градот Шарлот во Северна Каролина ќе биде домаќин во 2019-тата, додека во 2020-година, спектакуларниот кошаркарски викенд ќе се одржи во Чикаго.