Свет
22. October 2023 - 15:35

Индија испрати 38,5 тони хуманитарна помош во Газа

Индија денеска испрати 38,5 тони хуманитарна помош на египетскиот полуостров Синај за палестинските цивили во Појасот Газа, изјави портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи, Ариндам Багчи.

„Транспортен авион Боинг Ц-17 на индиските воздухопловни сили, кој превезуваше речиси 6,5 тони медицински материјали и 32 тони хуманитарна помош за народот на Палестина, замина за египетскиот аеродром Ел Ариш“, рече Багчи.

Индија го осуди Хамас за „терористичкиот напад“, но исто така ја потврди својата долгогодишна позиција за поддршка на создавање независна палестинска држава.