Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година

Индија и Русија се договорија за сеопфатна програма за економска соработка насочена кон достигнување 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година, соопшти индискиот премиер Нарендра Моди по денешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Целта на оваа иницијатива, која беше најавена за време на првата посета на Путин на Индија откако започна војната во Украина, е значително проширување на трговските односи надвор од договорите за нафта и оружје.
Моди истакна дека двете земји работат на договор за слободна трговија меѓу Индија и Евроазиската економска унија, предводена од Русија, во која членуваат и Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан.
Путин го смета економското групирање за ефикасна алатка против западните санкции, воведени како одговор на руската инвазија на Украина.
Индија досега зазема прагматичен став во однос на конфликтот, одржувајќи добри односи и со Москва и со Западот.
Индија покрива поголем дел од своите потреби за сурова нафта преку увоз од Русија, а исто така увезува и голем дел од својата воена опрема од Москва.
МИА
Ново на Сител
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
-

Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток
-

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица
-

Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар: Реафирмирана поддршката за координираните напори на САД и Израел во однос на Иран
-

ИДФ почнаа нов бран напади против иранските ракетни фрлачи
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

МНР и НТ: Формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа
-

Пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание, кај неа било пронајдено мало шише со бела прашкаста материја
