Индекс: Хрватска има повеќе умрени од коронавирусот од Кина
Хрватска има повисока стапка на смртност од коронавирус отколку Кина, која има 1,4 милијарди жители, може да се види според официјалните податоци објавени во двете земји.
Според податоците објавени вчера, во Кина досега официјално се регистрирани 88.454 инфекции со коронавирус и 4.635 смртни случаи.
Во Хрватска, пак, до вчера беа регистрирани вкупно 225.128 заразени со коронавирусот и 4.655 смртни случаи, но денеска оваа бројка на смртни случаи е зголемена за нови 29 и сега изнесува 4.684.
Според порталот Индекс, Хрватска во моментов е единствената земја во регионот што ја надмина Кина според бројот на смртни случаи од коронавирусот. Но ова, наведува порталот, наскоро би можело да биде случај и со БиХ, која во моментов има 4.448 смртни случаи.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
-

Општина Штип издвои 600 000 денари за најдобрите ученици
-

Преглед на вестите од светот
-

Новите станови кои се продаваат првпат и натаму ќе се даночат со 5% ДДВ
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
