Балкан
23. September 2016 - 17:22

Инцко најави санкции за Република Српска

Високиот претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко денеска се закани дека по одржувањето на референдумот во Република Српска ќе следат санкции за властите.

- Мислам дека санкциите се можни, јас морам да имам состанок со Советот за имплементација на мирот и мислам дека ќе разговараме за тоа. Повеќе сила имаме ако сме единствени. До сега немаше расположение за некои самкции, но сега гледам дека климата се менува и сите членови кажуваат дека мора нешто да се направи, посочи Инцко за ТВ 1.

Тој додаде дека референдумот е кршење на Договорот од Дејтон, со оглед на непочитувањето на дејтонската институција, која се вика  Уставен суд.