Инциденти на протестите во Солун и Атина
Помали инциденти избија на протестите што се одржуваат во Солун и Атина, организирани од учениците и студентите во рамки на активностите за одбележување на 10-годишнината од убиството на Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Во грчката престолнина, група маскирани лица се оддели од поворката и ја нападна полицијата со камења и предмети, на што специјалните полициски сили одговорија со солзавец и шок бомби. Според грчките медиуми, приведени се две лица.
Во инцидентите кои траеја кусо, маскираните лица нанесоа материјална штета на неколку продавници и на автобуски постојки.
Слична е ситуацијата и во Солун. Група маскирани лица ја нападнале полицијата со молотови коктели, која одговорила со солзавец и шок бомби.
Главните протести за одбележување на годишнината од убиството на Григоропулос се закажани за во 18 часот по локално време.
Ново на Сител
-
Приведен 27-годишник од Пробиштип, возел со 185 километри на час на место каде е дозволено 110
-
ЛА Лејкерс го продолжи договорот со тренерот Редик
-
Орбан: Унгарија ја прогласи Антифа за терористичка организација
-
МИА: Во црквата Свети Спас не се сите коски од Гоце Делчев!
-
ДЗС: Целосно изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново
-
Руте се потсмева со Русија: Мечката не мора на сите да им кажува дека е мечка, тоа се гледа во секој случај
-
Од денеска казни за пешаците и возачите што користат мобилни и други електронски уреди во сообраќајот
-
Алиу: За два дена прегледани над 200 лица во рамки на скринингот во Трубарево