Инциденти на протестите во Солун и Атина

Помали инциденти избија на протестите што се одржуваат во Солун и Атина, организирани од учениците и студентите во рамки на активностите за одбележување на 10-годишнината од убиството на Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Во грчката престолнина, група маскирани лица се оддели од поворката и ја нападна полицијата со камења и предмети, на што специјалните полициски сили одговорија со солзавец и шок бомби. Според грчките медиуми, приведени се две лица.
Во инцидентите кои траеја кусо, маскираните лица нанесоа материјална штета на неколку продавници и на автобуски постојки.
Слична е ситуацијата и во Солун. Група маскирани лица ја нападнале полицијата со молотови коктели, која одговорила со солзавец и шок бомби.
Главните протести за одбележување на годишнината од убиството на Григоропулос се закажани за во 18 часот по локално време.
Ново на Сител
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
-

Од 1 мај ќе се лета од Скопје до Тиват, со автопатот Скопје - Блаце побрз пристап до пристаништето Бар
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
-

Од полноќ изборен молк за Брвеница
-

СДСМ обвинува за сомнителни банкарски трансфери
-

Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
