Инцидент во познат македонски клуб

Судија на претходна постапка одреди мерка притвор во траење од 8 дена на Ѓ.Т.(36), Ѓ.Ф.(23), А.А.(36), К.И.(21) и Б.С.(29) сите од Битола, осомничени за сторени кривични дела „насилство“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, и „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“, во врска со инцидентот што се случи вчера во битолскиот ноќен клуб „Расчекор“.
МВР денеска соопшти дека во Битола на ул.„Партизанска“, во ноќен клуб „Расчекор“ вчера околу 02,15 часот од страна на поголема група на лица, извршено е насилство на тој начин што со употреба на шипки и стаклени чаши и шишиња почнале да удираат во клубот со што предизвикале чувство на страв и несигурност кај присутните, кои во паника го напуштиле објектот. Од страна на обезбедувањето од агенција за обезбедување, при обид да бидат спречени, биле физички нападнати од учесниците во насилството со употреба на физичка сила (тупаници и клоци), како и со стаклени шишиња, чаши и метални палки. Со насилството предизвикана е материјална штета од околу 100.000 денари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
