Инцидент во Херцег Нови: Двајца тинејџери од Белград претепаа познат актер во неговиот дом
Две момчиња од Белград М.Р. (19) и У.З. (18) се уапсени во Херцег Нови под сомнение дека го претепале актерот Зоран Тројановиќ во неговата семејна куќа.
Момчињата изнамиле сместување кај Тројанович, а инцидентот се случил на 9 август по полноќ кога актерот ги замолил гостите да не прават толкава галама зошто било доцна во ноќта. Ним наводно им пречело тоа, па по кратка препирка почнале да го тепаат Тројановиќ. Тепањето било толку брутално што на актерот лицето му било деформирано од примените удари.
Тројановиќ поради повредите итно е префрлен во болница.
Инцидентот е пријавен во полиција, но момчињата побегнале пред да дојде патролата. Благодарение на изјавите на претепаниот Тројановиќ и останатите сведоци, момчињата се уапсени истиот ден околу 13 часот.
-Српските државјани М.Р. (19) и У.З. (18) се осомничени дека сториле кривично дело насилничко однесување, наведуваат од МВР Црна Гора.
Ним судија од основниот суд во Херцег Нови им одреди притвор во траење од 30 дена, по што ќе бидат спроведени во истражниот затвор во Подгорица.
Зоран Трајановиќ е долгогодишен актер во Херцегновскиот театар, а на 26 јуни имаше премиера на претставата: „Пршута, сирење и Шекспир“.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал