Инцидент во Градската болница во Скопје
Претепано обезбедувањето на Градската Општа болница во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 13.40 часот во Градската општа болница обезбедувањето од агенција за обезбедување физички било нападнато од повеќе лица кои биле со две возила од кои едното возило марка „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, по што избегале. По кратко време, од страна на полициски службеници, возилото „БМВ“ било запрено на подрачјето на полициската станицца Бит Пазар, при што приведен е М.Р. (27) од с.Батинци, скопско, додека другите две лица со непознато возилото избегале. Во ГОБ „8-ми Септември“ лекарска помош побарале лицата А.Л. (30), Е.К. (27), С.А. и А.Л., сите вработени во агенција за обезбедување .
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот
Ново на Сител
-
Одбележани 24 години од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски
-
Дваесет и две американски сојузни држави го тужат Трамп поради укинување на правото на државјанство по раѓање
-
Скопје -Женева и Скопје - Париз, две нови линии од скопскиот аеродром
-
Импровизирана кукла со ликот на Маск обесена на плоштад во Милано
-
Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца
-
Седница на собранието