Инцидент во Битола: Приведени Битолчани поради поставување на македонско знаме во центарот на градот

Група од неколку Битолчани, меѓу кои и еден полициски службеник кој тогаш не бил на работа синоќа нешто по 21 часот се обиделе да го постават знамето на Република Македонија на јарболот пред спортската сала „Младост“ во Битола.
По пријава на други граѓани, пристигнала полиција која ги привела сите пет битолчани. По направен разговор во полициската станица во СВР Битола тие се ослободени.

Од СВР-Битола за ТВ 21 изјавија дека „група на граѓани се обидувале да постават знаме на Р. Македонија пред спортската сала „Младост“. Толпата била спречена од групата за интервенција со полициски службеници од СВР –Битола. Тие затекнати граѓани околу јарболот додека на самиот јарбол бил искачен полицаец во цивил кој не бил на работа, со уште четири други лица. Лицата се лишени од слобода обавени се разговори и по уредно дадени изјави се ослободени. Констатирано е дека нема елементи на кривично дело.
Граѓаните сакале да го вратат знамето кое подолго време било тргнато од јарболот, но некој ги пријавил по што интервенирала полицијата.
Ново на Сител
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
