Инцидент пред влезот во српското Собрание

Пратеници од српската опозицијата се обидоа претпладнево да влезат од главниот влез во Собранието, отстранувајќи ја металната ограда околу шаторската населба, по што започна туркањето со полицијата. Пратениците ја пресекоа жицата што ги поврзува металните огради и се упатија кон главниот влез во Собранието.
Меѓу пратениците беа Здравко Понош, кој исто така помина низ таканаречениот „Ќациленд“ вчера, Петар Бошковиќ, Стефан Јањиќ, а денеска им се придружија пратениците од Партијата за слобода и правда Мариника Тепиќ, Душан Никезиќ, Роберт Козма и Билјана Ѓорѓевиќ од Зелено-левичарскиот фронт.
Додека минуваа, од шаторската наслеба беа вербално навредувани, а обезбедувањето во жолти елеци ги оддели луѓето од кампот на поддржувачи на владата кои се обидуваа да ги нападнат пратениците.Подоцна и полицајци им се придружија на обезбедувањето во жолти елеци, со цел да спречат поголем инцидент.
Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, вчера на состанокот со пратениците од опозицијата изјави дека во следните два дена на пратениците ќе им биде дозволен пристап до српското Собрание од главниот влез.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски за предвремени избори: Шансите се многу мали, но никогаш не вели никогаш
-

Ученици од ООУ „Димо Хаџи Димов“ се пожалиле на стомачни болки, АХВ врши вонреден надзор во кујната
-

Приведен 43-годишен битолчанец, возел со 151 километар на час на место каде е дозволено 80
-

9 Колумбијки уапсени во гостиварско поради злоупотреба на туристичкиот престој
-

Гвардиола: Сити создаде повеќе шанси од Баер, но попусто
-

Малолетничкa киднапиpана од својoт поранешен дечко
-

Дончиќ постави клупски рекорд
-

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на патот Струга-Враништа
