Македонија
26. March 2018 - 14:12

Инцидент пред дискотека во Штип

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 27- годишниот С.М од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Од МВР велат дека на 04.03.2018 година околу 04.00 часот пред дискотека на улица „Партизанска“во Штип, по претходна вербална расправија, С.М. физички го нападнал 30- годишниот  Ј.К од Штип при што му нанел тешка телесна повреда во пределот на главата.