Балкан
27. November 2016 - 14:03

Инцидент на аеродром: Таксист се забил во автомобилот на министерот Дачиќ

Инцидент на аеродромот Никола Тесла во Белград се случил утрово кога таксист се забил во три возила на српското министерство за надворешни работи.

Неофицијално, во близина на ВИП влезот на аеродромот, такси возило со голема брзина излетало од зад кривината и се забил во последното од трите паркирани возила на делегацијата на шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ, по што сите три возила биле оштетени.

Според информациите никој не е повреден, а Дачиќ во тој момент не бил во ниедно од возилата.