Имињата на реконструираните и новите министри се уште се држат во тајност
Новите министри или пак, ротациите од најавената владина реконструкција, а кои треба да произлезат од владејачката СДСМ веројатно ќе останат непознати се додека премиерот Зоран Заев не ги достави предлозите до пратениците. Премиерот, наместо вчера како што најавуваше, ја одложи владината рекнструкција за утре попладне поради рефионална финансиска конференција.
Иако Заев тврди дека одлуките се донесени, партиски извори велат дека сепак, можни се измени во последен момент, па поради тоа не сакаат да откријат кој ќе замине, а кој ќе влезе во владиниот кабиент.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е возможна владина реконструкција без заминување на Заев.
Но додека Заев не соопштува имиња, коалициските партнери веќе ги објави нивните предлози. Нов предлог за министер за култура на предлог на Алтернатива е Хисни Исмаили, лекар и професорот од тетовски унверзитет. Нов минситер за локална самоуправа веќе е познато дека ќе биде пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски. НДП пак, добива министерскотот столче без ресор. Насер Нуредини од ДУИ кој ќе го замени Садула Дураку во министерството за екологија, кој пак ќе стане прв министер во новото министерство за политички систем.
Собраниската седница на која ќе се расправа за предлогот се очекува во текот на идната недела. За изборот на секој министер на власта ќе и треба апсолутно мнозинство од 61 пратеник.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
