Именувани замениците-министри во техничката Влада
Собранието попладнево, во рамки на 129. седница, со 97 гласови „за“ и ниту еден против, ги изгласа замениците и дополнителните заменици-министри во техничката Влада.
Славјанка Петровска за внатрешни работи, Санела Шкријејљ за труд и социјална политика, Цветан Трипуновски за земјоделство, Гордана Димитриеска Кочоска за финансии и Невенка Стаменковска Стојановски за информатичко општство, се дополнителните заменици-министри.
Во ресорите остануваат досегашните заменици-министри кои на собраниската седница беа исто така именувани: Беким Максути за одбрана, Агим Нухиу за внатрешни работи, Оливер Ристовски за правда, Неџад Мехмедовиќ за политички систем и односи меѓу заедниците, Андреј Жерновски за надворешни работи, Ширет Елези за финансии, Благе Цветковиќ за МЗШВ, Арменд Арслани за здравство, Елизабета Наумовска за образование и наука, Ѓонул Бајрактар за труд и социјална политика, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Садик Беќири за транспорт и врски и Јани Макрадули за животна средина и просторно планирање.
Имињата на предложените заменици и дополнителни заменици – министри пред гласањето ги соопшти премиерот Оливер Спасовски.
По именувањето, замениците и дополнителните заменици – министри дадоа свечена изјава.
Нивниот мандат, како и на претходно именуваните министри во техничката влада, ќе трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени парламентарни избори избори.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја