Македонија
30. May 2018 - 8:28

Имаше благодарна сила на чудотворство со која ги лекуваше сите болести - денеска се празнува овој свет апостол

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 мај.

Денеска е Св. апостол Андроник.

Свети Андроник е еден од 70-те апостоли. Тој му бил роднина на апостол Павле и поставен за епископ на Панонија, каде проповедал заедно со својата помошничка Јунија. Двајцата имаа благодарна сила на чудотворство со која ги изгонуваа демоните од луѓето и ја исцелуваа секоја немоќ и болест. Свети Андроник и Јунија пострадаа маченички, а нивните мошти се пронајдени во Евгениската област, во близина на Цариград.