Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
Турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу е „привремено“ суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Турција.
Тој беше приведен во средата, неколку дена пред да биде номиниран за претседателски кандидат на најголемата турска опозициска Републиканска народна партија, пренесува ДПА.
Имамоглу, водечка опозициска фигура и главен предизвикувач на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите во 2028 година, формално беше уапсен денеска, откако судот му одреди истражен притвор под обвинение за корупција.
Случајот предизвика демонстрации во поголемите турски градови и ја зголеми загриженоста за демократско назадување во Турција.
Екрем Имамоглу, кој беше избран за градоначалник на Истанбул во 2019 година, ги негира обвинувањата и вели дека тие се политички мотивирани.
Ако Имамоглу биде осуден, турскиот закон им дозволува на властите да го заменат на градоналничкото место со свој функционер.
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода