Имала се во животот, но се самоубила: Никој не знаел поради што, но нејзиното проштално писмо им ги отвори очите!

Студентаката на Универзитетот во Пенсилванија, Медисон Холеран, во својата 19-та година се самоубила. Овој несреќен случај се случил минатата година, а сега нејзините родители решиле да го објават нејзиното проштално писмо со надеж дека ќе им помогне на луѓето кои патат од депресија.
- Верував дека тешко да се биде заклучен во една соба, но уште потешко е да се биде заклучен сам во себе. За тебе мамо, за ѓерданите. За вас бабо и дедо, и за колачите со ѓумбир, многу ги сакав. За тебе Ингрид. За сите оние среќни проекти. За тебе тато. Жал ми е. Ве молам, но незнам повеќе која сум. Се трудам. Жал ми е, ве сакам многу! Жал ми е. Како се случи сето ова?, напишала во писмото девојката.

Нејзините татко и мајка тешко се борат со нејзиниот губиток. Џин Холеран, таткото на Медисон, смета дека писмото на неговата ќерка ќе им биде од помош на луѓето кои се борат со депресијата.
- Не ни претпоствувала колку ќе ни биде тешко без неа. Им порача на сите родители да реагираат доколку приметат и најмала промена во расположението на нивните деца.
Фактот дека Медисон извршила самоубиство бил вистински шок за граѓаните на Њу Џерси, нејзиниот роден град.
Таа секогаш делувала весело. Била активна на социјалните мрежи и често објавувала фотографии од својата убава насмевка. Никој не претпоставувал што се крие позади таа насмевка. Месец дена пред самоубиството, таа им признала на родителите како се чувствува.

Иако посетувала психолог, не успеала да се избори со депресијата. Неколку часа пред да изврши самоубиство, објавила фотографија со зајдисонце.
Родителите на Медисон, Џин и Стејси направиле Фејсбук страница „Memory of Madison Holleran” која можат да ја посетат сите луѓе кои патат од депресија и да напишат што ги мачи.

Покрај Медисон, Стејси и Џин имаат уште три ќерки и еден син.
Ново на Сител
-

Човечкиот фактор и годинава главна причина за шумските пожари
-

Засилени контроли во постапувањата на конзерваторските одобренија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотирис Минас, поет од Грција
-

Хуманитарен пикник на „Алкалоид” – 2,2 милиони денари за Клиниката за детски болести „Козле”
-

ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер со владината реконструкција
-

Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Бугарија
-

„Дозволуваме поединци да се богатат со уништување на нашето богатство“, велат од „Анима Мунди“ за ловот на дивеч
