Имал рак па лекарите му дале уште 18 месеци живот но...

Дејвид Хибит се разболел од канцер на тенкото црево, и по проценките на лекарите, имал само уште 18 месеци живот. Сепак, тој сега му се радува на заедничкиот живот со својата нова сопруга, како и на фактот дека целосно го излекувал ракот. Овој 33-годишник од Стафордишир тврди дека на целосно чудесен начин го излекувало маслото од канабис, кое чини околу 50 фунти за грам кај локалните дилери.
-Пријателите ми рекоа за маслото од канабис и прво одбивав да го пробам. Никогаш не сакав дрога. Сепак, се чуствував како хемотерапијата полека ме убива и како да немам што да изгубам. Не сакав да се помирам со тоа дека ќе умрам – рекол Дејвид. После напорната хемотерапија и радиотерапија следела и операција на тенкото црево во март 2013 и се било безуспешно. Сепак, единствено што му помогнало е канабисот.
Дејвид, кога открил дека го излекувал ракот, ја оженил Хедер (26) девојката со која бил во врска шест години. Британскиот завод за превенција од рак изјавил дека е свесен дека пациентите го употребуваат канабисот како лек, но и дека и понатаму не постојат цврсти докази за неговата ефикасност и безбедност.
Ново на Сител
-

Мицкоски во посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Акција на МВР во УЈП Штип
-

Заменик министерот за правда: Лани 5.300 лица добиле примарна бесплатна правна помош
-

Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
