Има порачки во преработувачката индустрија, но се очекува намалување на вработените
Состојбата на обезбеденоста на производството во преработувачката индустрија со порачки во октомври во однос на септември годинава е пoповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.
Според оценката на раководителите на фирмите индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври во однос на септември годинава е зголемен за 0,8 проценти, а во однос на октомври минатата година за осум проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти што ја изнеле раководителите за октомври годинава е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на октомври минатата година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври годинава изнесува 68,1 процент од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недоволната странска побарувачка со 20,2 проценти, неизвесното економско опкружување со 17,2 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 15,5 проценти и недоволната домашна побарувачка со 13,4 проценти.
Ново на Сител
-
На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија
-
Приведен жител на Криволак, преку социјални мрежи му се заканувал на 67-годишник
-
Продолжен притворот на Нино Васев за нови 30 дена, неговата одбрана најави жалба на Апелација
-
Најбрзиот воз во светот достигна 453 км/ч, пробните возења продолжуваат
-
Комарци првпат забележани на Исланд
-
„Подземниот град“ на Тито во Далмација - денес туристичка атракција
-
Вернер Херцог би сакал да снима филм на Марс
-
Брижит Бардо е три недели во болница, нејзината состојба е загрижувачка