Има порачки во преработувачката индустрија, но се очекува намалување на вработените
Состојбата на обезбеденоста на производството во преработувачката индустрија со порачки во октомври во однос на септември годинава е пoповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.
Според оценката на раководителите на фирмите индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври во однос на септември годинава е зголемен за 0,8 проценти, а во однос на октомври минатата година за осум проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти што ја изнеле раководителите за октомври годинава е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на октомври минатата година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври годинава изнесува 68,1 процент од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недоволната странска побарувачка со 20,2 проценти, неизвесното економско опкружување со 17,2 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 15,5 проценти и недоволната домашна побарувачка со 13,4 проценти.
Ново на Сител
-
Трамп: Сојузниците се подготвени да испратат војници во Појасот Газа ако Хамас продолжи да го крши примирјето
-
Николоски: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада
-
ЦУК: Координативен состанок со надлежните институции за подготвеност во зимскиот период
-
Вонредни инспекции во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради несобирањето на ѓубрето во Скопје
-
Кривична за пироман од Скопје, опожарил патничко возило во Кисела Вода
-
69-годишник од гостиварско излетал од патот со автомобил и починал на лице место
-
Кривична за управител на угостителски објект, ја тргнал налепницата и пломбата поставена од Државен пазарен инспекторат
-
Најскапиот стан во Центар продаден за 280 000 евра