Има одредени зголемувања на цените во малопродажба, во големопродажба цените се вратени како пред одлуката, вели директорот на ДПИ
Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денеска на прес-конференција во Владата информираше дека има одредено зголемување на цените во малопрдажба, додека во големопродажба цените се вратени на ниво како пред одлуките за ограничување на маржите и замрзнување на цените што завршија на 30 април годинава.
- Има одредени зголемувања на цените на пазарите во малопродажба, додека во големопродажба начелно цените се вратени како пред одлуката. Има одредени зголемувања од три до пет проценти кај производите со најголем обрт, додека кај оние со помал обрт како производи за лична хигиена, бебешка храна, пелени се движат од 10 до 20 проценти. Забележани се намалувања од 20 до 100 проценти кај зеленчукот и овошјето, рече Стојкоски.
Анализата од ДПИ пред 10-тина дена е доставена до Министерството за економија и труд и таа се темели на извршена контрола направена кај трговците на мало и трговците на големо со која биле опфатени повеќе од 100 субјекти или над 1000 продажни места.
Според Стојкоски, се работи за обемна анализа што треба да биде разгледана по што ќе се произнесе Министерството за економија.
Ново на Сител
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Албанската влада ќе ги обнови опожарените куќи, а ќе ги обештети и земјоделците
-
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична против лице од Скопје
-
Приведена скопјанка поради криумчарење шест мигранти од Египет
-
Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ
-
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина