Има ли Европа алтернатива за рускиот гас?
Германија може да ги наполни складиштата за следната зима само со руски гас.
Германскиот министер за економија, во моментов во Катар и на Емиратите бара алтернативи за енергенсот од Русија, но тоа нема да оди ниту брзо ниту лесно.
Германија одлучи и натаму да увезува гас од Русија и тоа го прави за да има греење за домаќинствата и за индустријата да работи.
-„Воопшто не би сакал да ширам паника или на некого да му го расипувам расположението, но одлуката да не воведуваме гасно ембарго не ја донесовме туку-така, туку по интензивни разговори“, додал Хабек. „И нашата индустрија сака да му ги уништи плановите на Путин, но мораме да разбереме што би значела таквата одлука за нас“.
За разлика од Гермнаија, Бугарија најави дека ќе прекине со испорака на гас од Русија. Српскиот претседател Вучиќ вели дека тоа нема да биде лесно. Србија рускиот гас го добива преку турски тек односно преку Турција и Бугарија и бара тој и натаму да стига до земјата.
Руски Газпром пак денеска објави дека продолжува со испорака на гас до своите европски потрошувачи преку територијата на Украина. Заклучно со денес до компанијата се стигнати барања за испорака на 106,6 милиони кубни метри гас. 40% од вкупните количини гас во Европа стигаат од Русија.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар