Има IQ 400, дипломирал на 11 години-нема да ви се верува што работи денес

Адрагон де Мело дипломирал на Универзитет во Калифорнија на 11 години, има коефициент на интелигенција 400 и планот на неговиот татко бил Адрагон да добие Нобелова награда до својот 16 роденден.
На својот татко Де Мело може да му биде благодарен или да го обвинува за својот успех и амбиции. Агустин де Мело, таткото на Адрагон опсесивно му вршел притисок на синот како би успеал во својата намера.
-Соновите за кои луѓето слушаат, за добивањето на Нобелова награда и докторат, воглавно се од мојот татко. Тие работи мене не ми беа важни, изјави во едно интервју Адрагон за телевизијата „CBS“.
На единаесет години заврши математика и информатика и со години беше најмладиот човек кој заврши факултет во историја на САД. Адрагон на 2 години ја знаел цела азбука, а веќе на три, научил да чита и пишува.
Неговите родители се развеле во 1988 година, а тој останал да живее со неговата мајка Кети Ган. Иако завршил факултет, се запишал во средно училиште под друго име. Вели дека тогаш се чувствувал пријатно бидејќи никој не знаел кој е.
Откако неговиот татко починал од рак, Адрагон се вработил во позната компанија за опремување куќи и станови „The Home Depot“, како проценител за комерцијално сликарство.
Ново на Сител
-

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот, Израел ја поздрави резолуцијата нарекувајќи ја историска
-

Фондацијата „Илија Камчев“ донира 300.000 евра за уредување на кејот во Марена
-

Асоцијацијата на брокерски друштва и Министерството за финансии во дијалог за европски стандарди и фер услови на осигурителниот пазар
-

Скопската Зоолошка организира прослава за првиот роденден на гибонот Мики
-

Нарачала мебел преку социјална мрежа, останала без 550 евра - измамена жена од Арачиново
-

Од црква во Чаир одземен бакарен лим од кровот вреден над 150.000 денари
-

Светска програма за храна: Војната во Иран може да доведе до акутен глад за 45 милиони луѓе
-

Татко кој физички и психички си ја малтретирал ќерката, која паднала од балкон во Тетово, сам се пријави во полиција
