Живот
9. May 2019 - 14:48

Има 10 години и 197 килограми: Никогаш не се играл со неговите врсници и не бил на училиште

Мохамед Арбрар од Пакистан има само 10 години а тежи дури 197 килограми. Додека сите негови врсници поголем дел од времето го поминуваат играјќи се или тренирајќи различни спортови тој не е способен ниту самостално да оди.

Поради дебелината неговиот живот е во опасност па наскоро ќе мора да подлежи на операција за намалување на желуднкот, пишува Деили Меил. Станува збор за операција со која се намалува волуменот на желудникот со што се постигнува поголема заситеност со помал внес на храна.

Инаку Мохамед по раѓањето тежел 4 килограми, што не претставува значително отстапување од просекот, но неговите родители велат дека од самото раѓање тој имал неверојатно голем апетит па на само 6 месеци имал околу 20 килограми. Како бебе пиел одприлика 5 пати повеќе млеко од неговите постари браќа и сестри.

"На две години пиеше 2 литри млеко дневно, како да не можеше никако да го наполни желудникот, и секогаш плачеше за уште храна", вели неговата мајка Зарена.

Открива дека уште тогаш Мохамед бил толку многу тежок што не можела сама да му менува пелени, а морала и да направи посебен кревет кој ќе ја издржи неговата тежина.

"Кога имаше 6 години, беше тежок повеќе од 95 килограми, и уште тогаш јадеше оброци за возрасни", раскажуваат неговите родители, а Зарена признава како секогаш кога ќе зготвела ручек половина јадел сам Мохамед, додека другата половина 5 членото семејство.

Поради неговата дебелина и тоа што не може да направи повеќе од 3 чекори никогаш не бил на училиште и не се играл со неговите врсници.

Откако побарале помош од лекар, Мохамед е ставен на ригорозна диета, но не успеал да издржи. Иако неговите лекари се уверени дека тој е најтешкото дете на светот, никој од нив не се осудил да го оперира.

Сепак неговите родители стапиле во контакт со доктор Мазом ул Хасан кој се согласил на ризична операција на смалување на желудникот, по што се надеваат дека Мохамед ќе има нормален живот.