Балкан
17. November 2016 - 12:41

Им се заканувал на новинарите на Фејсбук - Уапсен, осомничен за пресметка со вработените...

Дирекцијата за криминалистика на Србија го успсила З.М. (34) од Белград, под сомнение дека преку Фејсбук им се заканувал на вработените во телевизијата N1.
 
Како што е наведено во соопштението на полицијата, лицето З.М на 14. октомври испратило заканувачка порака од лажен профил „Страхиња Миленковиќ“.
 
Поради сомнение дека сторил кривично дело, загрозување на безбедноста осомничениот бил задржан 48 часа во притвор. Тој ќе биде изведен пред Специјалното обвинителство за борба против компјутерски криминал.