Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето

Технолошкиот магнат, Илон Маск, ќе има водечка улога во новиот проект на Пентагон за истражување на иднината на војувањето, соопшти синоќа американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет.
Обраќајќи се пред воениот персонал во базата на маринскиот корпус „Квантико“ во Вирџинија, Хегсет рече дека Маск ќе биде еден од раководителите на иницијативата, позната како „Проект Меридијан“.
„Проектот има за цел креативно да се согледа иднината и да се идентификуваат областите што мора да ги освоиме и способностите што мора да ги усвоиме“, посочи Хегсет.
Министерот за одбрана се осврна и на автономното војување, односно употребата на оружени системи и вештачка интелигенција за дејствување и изведување напади без непосредна човечка интервенција.
„Мора да гледаме кон иднината за да обезбедиме технолошка и воена надмоќ на бојното поле во децениите што доаѓаат“, изјави Хегсет.
Пентагон очекува резултатите од проектот да бидат презентирани во рок од 120 дена, односно до февруари.
Маск до крајот на мај 2025 година го предводеше Одделот за владина ефикасност (DOGE), програма за намалување на расходите што ја покрена американскиот претседател Доналд Трамп. Одделот му послужи за спроведување значителни кратења и намалување на бројот на вработени во државните агенции.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
