-->
-->
Илон Маск го надмина Џеф Безос и стана најбогатиот човек во светот
-->
Богатството на основачот на „СпејсЕкс“, Илон Маск, се зголемило до 188.5 милијарди долари, се дознава во најновиот Индекс на милијардери на Блумберг. Со ова, Маск го надмина основачот на Амазон, Џеф Безос за 1.5 милијарди долари и стана најбогатиот човек во светот.
Пораснатите акции на тргувањата на берзите денеска за 4.3 отсто на производителот на електро автомобили, Тесла, придонело за зголемување на богатството на Маск, пишува Блумберг.
-Чудно, напиша денеска тој во соопштение на Твитер во одговор на оваа информација.
-Добро, назад на работа, додаде тој.
Маск го освои второто место на рејтингот на Блумберг во ноември, надминувајќи го соосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Според агенцијата, Гејст моментално вреди 132 милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната