Илјадници летови одложени во САД поради зимска бура

Зимска бура во САД предизвика одложување на илјадници летови, а стотици беа откажани.
Причината за вчерашното нарушување на воздушниот сообраќај започна беше зимската бура, која започна во саботата навечер. Повеќе од 1.000 летови беа откажани, додека бројот на одложени летови достигна 4200. Речиси 400 летови до и од меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт беа откажани, а стотици беа одложени.
Метеоролозите известуваат дека бурата предизвикала поројни дождови и грмотевици, и предупредија на ризик од поплави во југоисточниот дел на САД, вклучувајќи ги Тексас, Луизијана, Мисисипи и Алабама.
Беше издадено предупредување за можна појава на торнадо во Централна и Југозападна Луизијана и во Југоисточниот Тексас.
Гувернерот на Канзас прогласи вонредна состојба.
Ново на Сител
-

УН: Хуманитарната помош во Појасот Газа сè уште доаѓа преспоро
-

Променливо облачно време со локални врнежи
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
-

Зеленски: Орбан нема да го запре движењето на Украина кон ЕУ, исто како што Русија не успеа
-

Ѓоковиќ прв финалист во Атина
-

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи
-

Цената на преспанското јаболко со Цветан Трипуновски | Неформално | Sitel Podcast 122
