Илјадници Италијанки жртви на виртуелно сексуално насилство
Италијанската јавност е шокирана по откривањето на група на Фејсбук (Facebook), во која се споделувале интимни фотографии на жени, често снимени без нивно знаење.
Фејсбук ја отстрани групата „Моја жена“ (Mia Moglie), која имаше околу 32.000 членови, кои споделувале фотографии од разголени жени, жени кои спијат или во интимни моменти. Чести коментари под фотографиите биле пофалби за тајното снимање.
Мета, матичната компанија на Фејсбук, потврди дека ја затворила страницата „поради кршење на политиките за сексуална експлоатација на возрасни“.
Не дозволуваме содржина што се заканува или промовира сексуално насилство, сексуален напад или сексуална експлоатација на нашите платформи, се наведува во соопштението од Мета.
Илјадници луѓе во Италија веќе ја пријавиле групата за кибер криминал. Во Италија од 2019 година одмаздничката порнографија или споделувањето на сексуално експлицитни содржини, што требало да останат приватни, е прогласена за незаконска.
Италијанската писателка Каролина Каприа изјави дека се чувствува мачно и е престрашена поради тоа што го видела.
– Ова поврзување на насилство со сексуалноста е толку вкоренето во нашата култура, мажите не ги кријат своите имиња и лица и пишуваат во јавна група, посочи Каприа.
Додека пратеничката на Европските зелени, Фиорела Забата наведе дека тоа не е само „само безопасна забава“, туку „виртуелно силување“.
– Мора да се бориме против овие платформи, против оваа токсична идеја за машкост, мора да се бориме и сите мора да преземеме акција, и граѓанското општество и политиката, посочи Забата.
МИА
Ново на Сител
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани