Илјадници Аргентинки протестираа за легализирање на абортусот

Илјадници Аргентинки протестираа пред Парламентот со барање за легализирање на абортусот и предупредија на ризиците по жените од кои прават нелегалните абортуси.
- Парламентарците треба итно да го променат законодавството. Годишно се извршуваат по 500.000 незаконски абортуси, и кај повеќе од 60.000 доаѓа до компликации, изјави Марта Росенберг, една од организаторките на аргентинското Движење за поддршка на абортусите.
- Предлог законот за абортусите е во Парламентот веќе 12 години. Колку уште жени треба да починат или да страдаат од последици од нелегален абортус, додаде таа.
За време на власта на Кристина Киршнер (од 2007 до 2015 година) Аргентина ги легализира истополовите бракови, ги зајакна правата на травестите и транссексуалните лица, но поранешната претседателка беше против легализирање на абортусот под притисок на Црквата.
Во Аргентина, абортусот е законски само во случај на силување и при опасност по животот на мајката.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
