Илјадници Аргентинци на улиците за поддршка на потпретседателката Фернандез де Киршнер

Илјадници следбеници на поранешната претседателка на Аргентина и актуелен потпретседател Кристина Фернандез де Киршнер синоќа излегоа на улиците во знак на поддршка, откако двајца обвинители побараа таа да биде осудена на 12 години затвор и забрана за вршење јавна функција поради наводна корупција за време на нејзината влада.
Обвинителите претходно оваа недела ја обвинија Фернандез де Киршнер за измама на државата и вмешаност во пренасочување на јавните средства додека таа беше претседателка помеѓу 2007 и 2015 година. Најголемите протести беа пред нејзиниот дом во квартот Реколета во Буенос Аирес, каде во раните утрински часови полицијата постави огради за да спречи голем собир.
Демонстрантите тврдат дека Фернандез де Киршнер е жртва на судски прогон и дека оградите ги подигнал опозицискиот градоначалник на Буенос Аирес како провокација, а попладнето ги урнале бариерите и се судриле со полицијата. Притоа, според локалните медиуми, повредени се петмина полицајци, додека четворица демонстранти се уапсени.
За пресудата и потенцијалната казна ќе одлучува судија, што би можело да потрае со месеци, а бидејќи Фернандез де Киршнер може да поднесе жалба на секоја одлука, може да ја одложи конечната пресуда со години.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
