Балкан
12. February 2018 - 14:51

Илјада луѓе во солзи: Синот на Глоговац го носи крстот, а неговиот татко е меѓу свештениците што служеа опело

На Новите гробишта во Белград, во црквата Свети Никола денеска во 14 часот почна опелото за Небојша Глоговац.

Повеќе од илјада луѓе веќе пристигнаа на Новите гробишта за да се простат од покојниот Глоговац.

Таткото на Небојша, свештеникот Милован Глоговац служеше опело, а неговиот помлад син го носи крстот.

Огромен број колеги на Небојша, пријатели и почитувачи на неговиот лик и дело дојдоа на Новите гробишта.

Foto: Marko Jovanovic

Foto: Marko Jovanovic

Foto: Marko Jovanovic

Foto: Marko Jovanovic

Foto: Marko Jovanovic

Foto: Marko Jovanovic

Foto: Marko Jovanovic

 

Небојша Глоговац почина во петокот на 9. февруари во Белград, во 49 година од животот, по кратка и тешка болест. На театарската сцена настапи во претставата „Големиот грабеж“ на Џорџ Ортон во режија на Дејан Мијач, заедно со Светлана Цеца Бојковиќ и Сергеј Трифуновиќ кој како и Небојша беше студент.

Потоа се нижеа бројните театарски и филмски улоги по кои ќе остане запаметен.

ФОТО: Марко Јовановиќ/Телеграф.рс