„Илинден“-Тирана учесник на Националниот младински конгрес на Албанија
Во Тирана синоќа заврши петтиот Национален младински конгрес на Албанија, во чија работа учествуваа претставници на младински организаци од оваа земја.
Настанот, кој траеше два дена е одржан со подршка на германската фондација „Фридрих Еберт“, а на истиот присуствуваше и Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.
- На Конгрсот учествуваа претставници на 80 младински организации од целата територија на земјата, ангажирани во различни полиња на делување. Конгресот, на кој македонското друштво „Илинден“ е редовен учесник, е можност учесниците да се запознаат подобро,да разменат искуства и да се зајакне соработка меѓунив, пишува електронското издание на весникот на Македонците „Илинден“.
Според истот извор сите организации кои учествувале на Конгресот биле презентирани со постер во текот на Конгресот, што се одржал во Младинскот центар во Тирана.
Ново на Сител
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада