„Илинден“: Тирана ја потврди реалноста - во Албанија живеат Македонци, а не Бугари
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, го поздравија усвојувањето на Предлог-законот за заштита на малцинствата, што албанската влада го усвои пред два дена.
Друштвото со оценка дека тоа претставува чекор напред и правна рамка за остварување на легитмните права на малцинствата.
- Од името на сте Македоцни што живеат во Република Албанија, го поздравуваме овој чекор на Владата во Тирана. Со законот Владата како национални малцинства ги признава македонското, грчкото, влашкото, ромското, црногорското, српското, бошњачкото и египќанското малцинство. Тоа е реалноста во Албанија, кога станува збор за малцинствата, се наведува во соопштението на друштвото.
Она што посебно го сметаме за победа, стои понатаму во соопштението, е фактот што Владата потврдува дека во Република Албанија живеат Македонци, а не Бугари, како што се обидуваа бугарските пратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски преку Резолуцијата на Европскиот Парламент за Албанија да „докажат“ постоење на Бугари во Албанија.
Инаку, Предлог-законот за заштита на малциснтвата набрзо треба да се најде пред пратенците во албанскиот парламент.
Со него се утврдуваат правата на малцинствата во согласност со Уставот на земјата, како и меѓународната Конвенцијата во рамките на Советот на ЕУ за заштита на малцинските права,која Албанија ја ратификува во 1999 година.
Ново на Сител
-
Прв Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија во Скопје
-
Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа
-
Зајакнување на соработката меѓу армиите на Македонија и на Унгарија
-
Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници | ВИДЕО
-
„Ниту една казна нема да биде доволно“ - Обвинителството бара доживотен затвор за убијците на Вања и Панче
-
Во домот на напаѓачот во Грац пронајдено проштално писмо
-
Илјадници протестираа во Њујорк против имиграциската политика на Трамп
-
Турската полиција уапсила над 270 криумчари и над 1.000 илегални мигранти во последниве две недели