Илинден одбележан во Тетово
Пред Споменикот на Револуцијата во Тетово денеска беа одбележани 115 години од Илинденско востание и 74 години од првото заседание на АСНОМ.
Цвеќе пред споменикот положија делегации на Општина Тетово, Општинска организација на Сојузот на борци од Тетово и од Армијата на Република Македонија - Гарнизон Тетово, од здруженијата на резервни офицери и на воени инвалиди, од општински организации на политички партии и од други граѓански здруженија.
- Во историјата на еден народ постојат судбоносни датуми, трагични и величествени, по кои тој народ се препознава и кои ја определуваат неговата иднина. Македонската историја има два големи историски настани поврзани со ист ден, но во различни времиња и услови, рече Јоцко Димитриевски, претседател на општинска организација на Сојузот на борци од Тетово во пригодниот говор.
Ново на Сител
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун