-->
-->
Илина Арсова е прва Македонка што ги искачи сите седум највисоки врвови на седумте континенти
-->
Илина Арсова утрото на 28 декември го искачи врвот Винсон на 4892 метри на Антарктикот во рамки на проектот на Федерацијата за планинарство на Македонија и Агенцијата за млади и спорт и со тоа го комплетираше проектот Седумте врвови.
Како што соопшти Федерацијата за планинарство, со искачувањето на овој врв Илина стана првата Македонка која успеа да ги искачи сите седум највисоки врвови на седумте континенти и ја вброи Република Македонија со свој женски претставник во светскиот планинарски предизвик 7 summits.
Планината Винсон на Јужниот пол е екстремно студена, но при искачувањето на тимот заедно со Илина имале одлични услови, ладно, но без ветер се вели во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски