-->
-->
Илија Темелковски ја презема младинската ракометна репрезентација на Македонија
-->
Поранешниот селектор на македонската сениорска репрезентација, Илија Темелковски, во наредниот период ќе биде предводник на младинците.
Темелковски ќе ја води младата македонска репрезентација во квалификациите за Светското првенство, кои ќе се играат во Скопје на почетокот следната година.
-Ќе се обидам да одговорам на обврската како селектор на младинците. Групата што ја имаме е солидна, против нас ги имаме Турција, Полска и Португалија. Нашата младинска селекција е квалитетна и квалификациите сигурно ќе бидат предизвик. Имаме играчи со искуство во ЛШ. Воедно, за мундијалските квалификации ќе се подготвуваме и со сениорите. Ќе сториме се да го освоиме првото место во групата и да се пласираме на СП“, изјави Темелковски.
Јуниорите ќе играат во третата квалификациска група чиј домаќин ќе биде Скопје од 4 до 6 јануари 2017 година, а во кој за противници ќе ги имаат врсниците од Португалија, Полска и Турција. Натпреварите
Темелковски со неговите избраници ќе се подготвува во Маврово, каде подготовки на Мундиајлот во Франција ќе имаа и сениорите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Путин покажа дека не сака мир
-
Македонскиот репрезентативец Митровски во трка за најдобар фудбалер во Хрватска
-
Откако го одбила ја претепал па ја силувал на паркинг во Сопиште, обвинение за 37 годишен скопјанец
-
Снег во Србија и Црна Гора
-
Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски
-
Приведен 31-годишник од Македонска Каменица, возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола
-
За хаваријата во Пинтија вчера постапува Инспекторатот, вели Меџити
-
Раст од 1,8 проценти на вкупниот промет во индустријата во март годинава