Македонија
26. October 2017 - 16:54

Илија Јовановски ја превзема градоначалничката функција од Марјан Ристески

По врачувањето на уверенијата со кои ДИК ги потврди мандатите на новиот градоначалник и на 27-те советници, во општина Прилеп на достоинствена начин денеска беше извршено примопредавањето на градоначалничката функција меѓу досегашниот градоначалник Марјан Ристески и новиот, Илија Јованоски. 

Новиот Совет во општина Прилеп брои вкупно 27 советници, од кои 15  се од владеачката СДСМ и Колалицијата, а 12 се од ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери.

Конститутивната седница нан овата локална власт најавена е за утре кога ќе биде избран и новиот Претседател на Советот на општина Прилеп.