ИЈЗ: Зголемување од 22,2% на нови случаи споредено со претходната недела
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 08 до 14 март 2021, тестирани се вкупно 22.625 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 7,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 22,2% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.708; 49,6%), со неделна инциденца – 438,4/100.000. Највисока неделна инциденца од 809,6/100.000 е регистрирана во Демир Капија.
Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4%, или во просек 23,9%, идентично како минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.434, 26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.064; 19,5%), 40-49 (n=977; 17,9%), 50-59 (n=916; 16,8%) и 20-29 (n=698; 12,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=116; 2,1%) и 10-19 години (n=251; 4,6%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.737 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 29,7% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 129 смртни случаи од 21 град, 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.
На 17.02.2021 во Р. Македонија почна вакцинацијата против КОВИД19, а заклучно со 15.03.2021 вкупно се вакцинирани 5.061 здравствени работници.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 08 до 14 март 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември