ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
Стотина случаи со грип се пријавени за една недела во Македонија. Според извештајот на ИЈЗ почнува да се зголемува бројот на лица со ова сезонско заболување. Пријавени се речиси двојно повеќе заболени и од минатата недела и од истиот период лани.
- Најмногу заболени пријавени се во Гостивар и тоа на возраст од 14-65 години. Оваа сезона не е пријавен смртен случај со потврдена инфлуенца или заболување слично на грип, изјави д-р Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ.
Доколку некој заболи од грип од ИЈЗ апелираат да се изолира, да не оди на работа или во училиште и да ги почитува општите препораки како што се повеќе одмор и пиење повеќе течности.
- Ако заболат лица постари од 65 години истите да се јават кај својот матичен лекар бидејќи спаѓаат во ризичните групи, вели д-р Андоновска.
Досега од 77.000 пријавени, над 53.000 се вакцинирани против грип, 300 од нив се здравствени работници.
-
Алексанадар Динев
Сите содржини од овој новинар
