ИЈЗ: Регистрирани 1.252 заболени од грип, два смртни случаи за три дена
Во текот на изминатата недела (од 28 јануари до 3 февруари), се регистрирани 1.252 заболени од грип, што е речиси двојно зголемување споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 643 заболени од грип. Се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување на пик на сезоната на грип во текот на следните недели, се наведува во извештајот, што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.
Епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје информираше дека на 5 февруари 25-годишна девојка од Охрид починала на КАРИЛ поради компликации од грип. На 6 февруари, пак, петгодишно девојче од Скопје почина на Клиниката за детски болести од компликации предизвикани од грип.
Во извештајот на ИЈЗ се наведува дека бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 37,4 отсто споредено со петтата недела од минатата сезона кога беа регистрирани 2.001 случаи. Регистрираната инциденца oваа недела за прв пат оваа сезона е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип.
Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 50 материјали за тестирање на грип, од кои 28 (56 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 24 Influenza A(H1N1)pdm09, два – Influenza A(H3) и два Influenza А несуптипизиран.
Најголем број заболени (826) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, а највисока инциденца од 91,6 на 100.000 жители е регистрирана кај децата од возрасната група од пет до 14 години.
Оваа недела пријавени се заболени лица од 25 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (176), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кратово (313,5 на 100.000 жители).
Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 4.125. Споредено со истиот период од минатата сезона кога беа регистрирани 5.479 случаи, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 24,7 отсто.
Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.960 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,3 отсто од вкупниот број на набавени вакцини.
Од категоријата на здравствени работници, вакцинирано е 801 лице или 4,1 отсто, нема вакцинирани бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 14.095 лица или 72,9 отсто се со историја на хронично/и заболување/а, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите